Персонал од амбасадата на САД во Македонија, предводен од вд амбасадорката Никол Варнс на многу убав начин во јавноста ги афирмираше силните партнерски врски на САД и Македонија, изразени преку конкретните проекти преку кои народите на двете држави успешно соработуваат.
“Надвор од главниот град: Прилеп 🇺🇸🇲🇰
Ден посветен на силата и опсегот на економското партнерство меѓу САД и Македонија.
Во компанијата „Гентерм“ (Gentherm) одбележавме 10 години американски инвестиции и работни места што ги поврзуваат талентите од Македонија со глобалниот синџир на снабдување во автомобилската индустрија. На градилиштето на автопатот „Коридор 10-д“ на компанијата „Бехтел“ (Bechtel), видовме како се обликува инфраструктурата и ја согледавме важноста на поврзаноста за економскиот раст. А во „Прилепска пиварница“, овластен полнилник на „ПепсиКо“ (PepsiCo), се запознавме со локална компанија која има глобални врски преку своето партнерство со американска фирма.
Инвестиции. Инфраструктура. Работни места. Партнерство.
Три станици, една заедничка порака: силните деловни врски создаваат можности, ги поврзуваат заедниците и градат трајни економски партнерства – надвор од главниот град. 🇺🇸🇲🇰”
-напишаа од Амбасадата на САД во Македонија на социјалните мрежи во врска соо оваа агенда.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Одбележан патрониот празник на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ во Оризари
Предложен притвор за вработен во ДЗС осомничен за поткуп
Делегација на МВР учествуваше на 15. конференција на ИНТЕРПА во Доха, Катар