Брегалнички Портал

Вести од Брегалничкиот регион.

Сите што бараат решението за Македонско-Бугарскиот проблем да биде кажано предвреме сакаат истото да го минираат, на штета на Македонија

Пренеси го гласот

Тие што бараат решението на Македонско-Бугарскиот проблем да биде кажано пред време, намерно го тоа прават за да истото го минираат, за да продолжи актуелната влада да биде нивни измеќар, додека товара со вреќи и магариња богатство на своите конта на штета на Македонскиот народ.

Со мал милион примери актуелната власт покажа колку е штетна за оваа држава и овој народ.
Нивното решение (на СДСМ, ДУИ и останатите привезоци) е промена на Устав под бугарски диктат. Ако тоа се случи Македонија ќе биде заглавена во бескрајно ЛИМБО на постојана дeградација на Македонското општество се до бришење на зборовите Македонија/Македонско.

Штетата од внесување на Бугари во устав без било какви гаранции Македонија да ги оствари своите ЕУ перспективи ќе биде огромна.

-Бугари ќе може да поседуваат фирми, земјиште, имоти… физичка територија што за нивната моќна софиска логистика нема да биде никаков проблем, наспроти неконкурентното МАКЕДОНСКО СТОПАНСТВО кое намерно се урива за да биде доведено под сопствеништво на странски НЕМАКЕДОНСКИ финансиски и политички центри на моќ.

-На тој начин Македонецот од егзистенцијални причини ќе биде репресиран во секој поглед при негово декларирање или афирмација на белези од Македонскиот идентитет.
Можеби поединци кои што видовме дека ги има во поприлично голем број се подготвени Македонскиот идентитет да го менуваат за подобра своја лична комоција, удопства платени со пари на осиромашените граѓани и моќ да се пресметуваат со било кого во државата што ќе покаже Македонски карактеристики и вредности.

-Но ваквата наезда на репресивни структури врз Македонското битие ќе згасне во тој момент кога ќе запре текот на пари кон нивните трансакциски сметки. И тогаш сите тие ќе побараат свој нов газда кој ќе им плаќа за да потоа ја пеат песната колку тие биле патриоти и поборници за каузата. Впрочем таков процес на политичка миграција е веќе започнат помеѓу клиентите на власта на СДСМ и ДУИ. Дали ВМРО-ДПМНЕ ќе одолее на ваквите профитери на Маката на народот, останува да видиме во наредниот период посилно.

Она што е видливо е дека најистурените гласноговорници на таквите профитери се сериозно уплашени за своите комодитети и приливи на сметки. А хиените знаеме сите кога се најопасни….

ВМРО-ДПМНЕ е единствениот политички белег што во себе содржи вредности кои што подразбираат заштита и АФИРМАЦИЈА на Македонскиот идентитет и воопшто постоење.

Било какви инстант патриоти, голи популисти, бушави турбо-фолк политичари и политички опортунисти и измамници се овде за да одработат во прилог на “големата слика” во која нема место за Македонски идентитет и Македонци. А цела македонска јавност можеше да види сите тие маргиналци на кој начин се однесувале во минатото на штета на Македонските граѓани и држава. Да! Овде мислам и на Апасиев и на Максим и на Стефчо и на Груевски и на Мијалков, Љубчо, Заев итн итн….

bregalnickimarketing

За Данела не дај Боже во иднина да ја видиме нејзината штетност за Македонските граѓани. Нејзината затвореност за медиуми, нетранспарентност, забрана за комуникациа на администрацијата на Град Скопје со јавноста, дрскоста и ароганцијата со која предвреме осудува луѓе се само дел од нејзиното проблематично портфолио кое доколку се добере до поголема власт максимално ќе прогресираат. Но до тоа нема да дојде од едноставна причина што Данела е нечија продолжена рака, која што служи за поткусурување на туѓи интереси. Единствената политучка улога на Данела Арсовска во моментот е да отцепи контингент гласови од ВМРО-ДПМНЕ со што ќе се обиде да влијае во процесот на креирање на влада од страна на оваа партија, а со тоа дополнително би прогресирал егзодусот врз Македонскиот идентитет. И сето тоа се случува под превезот на една лицемерна насмевка која веднаш се претвора во ѓаволска насмевка кога им ги запрете парите во Буџетската каса на град Скопје. Тогаш таа нанесто да одговара на прашања на советници, се заканува, повикува граѓани кои зависат од нејзината милост и власт, се возбудува нна аплаузи преку решетки на толпа пострадани луѓе од нејзиното и она на нејзините директори раскалашено трошење на општинските пари. Колку милиони порасна Буџетот на ЈСП од времето на Коце Трајановски до денес кога е под капа на Данела Арсовска? Сето тоа се пари на грашаните собрани од арачот од осиромашеното стопанство… тоа се народни пари и никој па ни Данела нема право да се кити со тие пари дека еве таа била толку кадарна за да ги потроши тие пари.

Во моментот најголем интерес ваквите политички камикази да прогресираат во поддршка од граѓаните има СДСМ и ДУИ но и оној што доаѓа и јавно како функционер на туѓа држава агитира политички со што директно се меша во изборниот процес во Македонија!

За крај една мисла од вечниот бесмртен Јане Сандански кој многу пред своето време ги согледал опасностите кои демнат над Македонија:

“Ние треба да работиме за будење на сознанието кај македонските маси дека се тие самостоен народ, дека имаат право на слободен живот и дека треба да се борат за извојување на својата слобода, без да се потпираат на туѓа помош, зашто оние што би дошле да не ослободат, ќе дојдат всушност, да не поробат”.

Пишува: Кирчо Анастасов
Главен и одговорен уредник

Креирано од:


Пренеси го гласот