БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Скапоцен јубилеј: 70 години постоење на “Копачката”

Пренеси го гласот

Во вторник 20.11 и среда 21.11.2018 година членовите на фолклорната група “Копачка” како и сите љубители на автентичното Македонско и светско културно наследство под заштота на УНЕСКО прославуваат значаен и блескав јубилеј: 70 години постоење на “Копачката”.

За овој славен и несекојдневен јубилеј од страна на носителите на заштитата во УНЕСКО, ЗФГ “Копачка” од село Драмче, Делчево, предвидува повеќе пригодни свечености и активности:

20.11.2018 год. во Делчево

17:00 часот- Дефиле на учесниците во програмата низ градот Делчево.

18:00 часот- Спомен дом АСНОМ- Мала сала.
Отварање на настанот: Градоначалникот на Општина Делчево, Г-дин Горан Трајковски
Воведен збор за Јубилејот- Димитар Узунски, Претседател на ЗФГ КОПАЧКА

18:05 часот- Промоција на збирката „70 години Копачка / награди и признанија“. 

18:15 часот- Концерт на кој ќе се претстават: ЗФГ КОПАЧКА с. Драмче, Делчево; КУД „Гоце Делчев“ Делчево; КУД „Вера Јоциќ“ М. Каменица; Ансамблот „Китка“ од Истибања; ФГ „Н.Ј.Вапцаров“ Делчево и други поединци и групи со изведба на орото Копачка. 

18:30 часот- Доделување признанија и рекламен материјал за долгогодишниот даден придонес во популаризацијата и афирмацијата на орото „Копачката“ и другиот пијанечки изворен фолкор, на поединци, институции, фирми и други правни лица.

18:45 часот- Коктел

21.11.2018 год. во с. Драмче, Делчево на собориштето кај црквата Св. Архангел Михаил

13:00 часот- Концерт во кој ќе настапат: ЗФГ КОПАЧКА с. Драмче, Делчево; КУД Русалии од с. Секирник, Струмица и Фолкорната група на Дафинка Бојчова од с. Селиште Р. Бугарија.

14:00 часот- Општонародна веселба со играње на пијанечки ора, а пред се на националното и светско културно наследство на УНЕСКО орото „Копачката“.

15:00 часот- Ручек- Курбан

Креирано од:


Пренеси го гласот