Брегалнички Портал

Вести од Брегалничкиот регион.

Славјанка Петровска продолжува да го партизира Министерството за одбрана и во новата 2023 година, обвинува Драган Ковачки

Пренеси го гласот

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки преку социјалните мрежи по којзнае кој пат упати аларм во јавноста за продолжувањето на партизацијата на институциите на државата од страна на функционерите на СДСМ. Во уште еден случај станува збор за партизација на Министерството за Одбрана од страна на министерката Славјанка Петровска која што и во новата година дели решенија за унапредување на партиски кадар од Куманово во хиерархијата на самото министерство.

“Џабе честитките и посакувањата на Славјанка Петровска за успешна и подобра 2023 година, кога и покрај јавните прозивки од наша страна, истата си продолжува со партизацијата во Министерството за одбрана. Уште не почната годината, фрчат решенија за унапредувања на партиските послушници.

Имено, на 1 декември објавивме слика од партискиот настан во Куманово на СДС на којшто меѓу главните била и партиската извршителка Мирјана Штеријова.

Мирјана Штеријова е во тесно крвно сродство со пратеник на СДС и воедно е претседателка на комисијата за прием на професионални војници (оние што имаа повик од партискиот огранок на ЛСДМ Арачиново да ги посетат партиските простории и таму да се пријават за вработување во АРМ).

Денеска, на 03.01.2023 година, истата госпоѓа Штеријова е унапредена во “државен советник за НАТО и ЕУ интеграции”.

Ако се ова вредностите за унапредување и ако се ова ЕУ и НАТО вредности, тогаш очигледно е дека нешто не е во ред со вредностите или пак со лицата кои ги спроведуваат.

*Да не е трагично, би било смешно.

bregalnickimarketing

#Промени

#ГенераленРемонт

-напиша Драган Ковачки на социјалните мрежи во врска со оваа појава.

Креирано од:


Пренеси го гласот