БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Следува фактичка кантонизација на Македонија за која ќе бидат одговорни сите кои што ќе гласаат за СДСМ и ДУИ на наредите избори

Пренеси го гласот

-На почетокот на годинава напишав текст

https://bregalnicki.mk/tiranska-platforma-shest-godini…/

“Тиранска платформа- шест години подоцна” каде сублимирано ги констатирав ефектите од Тиранската платформа која создаде политичка криза во 2017 година после која криза ништо не е исто во Македонија и тоа во најлошата варијанта на можности. Во овој текст апелирам со свои мисли за тоа што и каде би можела да се движи оваа разнебитена земја во наредниот период.

-Го гледам видеото од еден од протестите За Заедничка Македонија од 2017 година.

=>Се оствари се што тогаш зборувавме дека споулавеаната банда на чело со СДСМ и платеничкиот ешалон на т.н. Шарена Револуција дека ќе ги реализираат барањата од т.н. Тиранаска платформа кои тогаш толку ревносно го негираа а денес откако се реализирани молчат како жртви на сопствената корумпираност и краткогледост.

За остварената Тиранска Платформа најзаслужен е Зоран Заев, цело раководство на СДСМ но најмногу сите оние кои што ги гласаа на изминатите избори.

НАРЕДНО СЛЕДУВА ФАКТИЧКА КАНТОНИЗАЦИЈА. За ваквата кантонизација на Македонија во најава, повторно ќе бидат заслужни оние кои што ќе ги гласаат СДСМ и нивните сателити, но и оние кои што со опрани мозоци од секојдневната скапо платена пропаганда ЌЕ СИ СЕДАТ ДОМА на наредните избори и око нема да им трепне за тоа кој ќе ја води Македонија после наредните парламентарни избори.

ПС. Голем дол од луѓето кои беа дел од овие протести во 2017 година се починати, оболени, фрлени на маргините, шиканирани, репресирани, прогонувани.

За сите нив ќе го кажам следното: Лавот умира само еднаш, хиените постојано!

ДА ЖИВЕЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.

НИКОГАШ СЕВЕРНА!

Пишува: Кирчо Анастасов

Креирано од:


Пренеси го гласот