БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Вработените во КЈП “Водовод” ја исчистија околината на Спомен-домот “Асном” во Кочани

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Вработените на КЈП “Водовод” Кочани во координација со локалната самоуправа во текот на денешниот ден ја исчистија дивата депонија и целиот локалитет кај Спомен-домот “Асном”. Во текот на акцијата беа собрани и изнесени околу 3 метри кубни мешан комунален отпад, градежен
шут и слично.

Во наредниот период, КЈП “Водовод” Кочани ќе продолжи со акции за редовно чистење и отстранување на диви депонии на територијата на Општина Кочани според утврдената динамика и план за работа.

Бидејќи во последно време во рамките на своите активности, КЈП “Водовод” Кочани секојдевно се соочува со мини депонии од градежен шут, габаритен отпад и расфрлан комунален отпад покрај контејнерите, упатуваме апел до сите граѓани да го почитуваат Законот за јавна чистота, да не го
оставаат ѓубрето на недозволени места и со своето однесување и еколошка свест да придонесат за поздрава и почиста животна средина.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace