БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Следува период на реализација на повеќе развојни проекти за унапредување на работата на Институтот за јавно здравје

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска во изјава за медиумите Директорката на Институтот за јавно здравје Марија Андоновска заедно со Претседателот на Владата на Република Македонија Проф. Д-р Христијан Мицкоски ги афирмираа заложбите на надлежните за унапредување на работата на оваа значајна здравствена институција во државата.

Директорката Андоновска ги нагласи повеќето актуелни практики и активности кои што оваа институција ги превзема за унапредување на својата работа како и соработката која што во интензивна комуникација ја имаат со владата и Премиерот.

По изјавата на директорката Андоновска пред присутните медиуми се обрати и Премиерот Мицкоски кој што и изнесе своите лични заложби и заложбите на владата за подобрување на работата на ИЈЗ во интерес на подобрување на сите граѓани во државата.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“Разговаравме малку и за развојните планови во периодот којшто следи, она коешто можеби јас би ја дополнил е тоа што институцијата беше затекната со многу големи долгови, во една хаотична состојба. Тие долгови се сервисирани и сега не само што се сервисирани долговите туку имаме и заштеда и таа заштеда не е така мала, со таа заштеда ќе се реализира дел од развојните проекти во периодот којшто следи.

Така што јас сум исклучително благодарен на нејзиното водство во институцијата, на сите вработени коишто се дел од тимот којшто ги спомена директорката, на сите луѓе коишто се дел од Министерството за здравство, Фондот за здравство, тука е и директорот, заменикот-министер и останатите, се разбира и на колегите во Владата бидејќи реформите во здравството и сето она што планираме да го правиме се еден од нашите врвни приоритети, а не малку работи се случија и во овие би рекол нецели година дена од како сме избрани како Влада.

Така што уште еднаш честитам и посакувам што помалку луѓето да ги користат овие институции, но оние коишто имаат потреба од овие институции да ги добиваат услугите европски и да го добиваат на време,”

– рече Премиерот Мицкоски денеска при посетата на ИЈЗ.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace