БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Со 41 милион денари во Виница значително ќе се подобри квалитетот на живот и заштита од поплави за граѓаните

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Со потишивање на Договорот за користење на финансиски сретства кои што Владата на Република Македонија го доделува за општина Виница жителите на оваа општина како иннвестиција добиваат безмалку 41 милион денари за подобрување на живеачката и нивното секојдневие.

Станува збор за доделување на финансиски сретства за два инфраструктурни проекти, за изградба на регулација на Градечка река во должина од 293 метри на мајор коритото како и 693 метри на минор коритото, како и дорегулација на Виничка река во вкупна должина од 500 метри.

Од кабинетот на Градоначалникот Миле Петков информираат дека општинската администрација веќе има подготвено дополнителна техничка документација со целокупните пропратни документи со кои што ќе аплицираат и на наредниот повик на Владата на Република Македонија за користење на сретства во наредниот период.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

✍️ Денес со Министерството за животна средина и просторно планирање ги потпишавме двата договора, Дорегулација на Градечка и Виничка река, како дел од повикот на Владата за 250 милиони евра за капитални инвестиции за општините.

➡️ Дорегулацијата на Градечка река ќе биде во должина на 293 метри на мајор коритото и во должина од 693 метри на минор коритото од Градечка река. Вкупната инвестиција ќе чини 20.271.189 денари, од кои од страна Министерството ќе бидат доделени 19.257.630 дрнари, а остатокот ќе го обезбеди Општина Виница.

➡️ Дорегулација на Виничка река е во должина од 500 метри и партерно уредување на истата во должина од 750 метри. Вкупната инвестиција на овој проект ќе чини 20.655.195 денари, од кои од страна Министерството ќе бидат доделени 19.623.630 дрнари, а остатокот ќе го обезбеди Општина Виница.

👉 Веќе сме подготвени со проектно-техничка документација за поголем број на проекти и за за јавниот повик кој ќе биде распишен наредната година, кога Општина Виница ќе добие 3 пати поголема сума за капитални инвестиции”

-информираше градоначалникото на општина Виница Миле Петков преку социјалните мрежи.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace