Јавен повик
Општина Кочани како организатор на ПЕТРОВДЕНСКИОТ ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ ги повикува фудбалските екипи, најдоцна до 15 јуни 2022 година, да се пријават за учество на турнирот.
Екипите се должни при пријавувањето да уплатат котизација од 2 000 денари на с-ка 210041087870107 – ОФС Кочани, да достават име на екипата и список од десет играчи со наполнети 16 години.
Пријавите може да се подигнат од Едношалтерската канцеларија на Општина Кочани
или од официјалната веб-страница www.kocani.gov.mk.
Ждребувањето и започнувањето на натпреварите ќе биде во договор со екипите.
Дополнителни информации на телефоните 077 881 346 или 072 275 610.
Првата награда ќе биде во износ од 60.000 денари, втората од 30.000 и третата во износ од 15.000 денари.
Извор: Општина Кочани
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Општина Делчево не може да ги исплати постојните плати и надоместоци а градоначалникот вработува нови лица на платен список во предизборна година
Општина Делчево со блокирана сметка од 2008 година, неостварени приходи од комунални такси и надоместоци и продаден имот од јавен интерес
Градоначалниците на Кочани, Виница, Зрновци и Чешиново-Облешево потпишаа договор за преземањето и третманот на комуналниот отпад на Градската депонија во Кочани