БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Со право во ДУИ се плашат од неа! Гордана Силјановска Давкова е антипод на марксистичко-сталинистичко-енверистичката партија

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Професорката Гордана Силјановска Давкова со своја реакција упатена во јавноста преку социјалните мрежи им одговори на прозивките и провокациите на функционерите на ДУИ кои 22 години ја уништуваат МАкедонија по речиси сите основи, вгнездени во порите на власта.

“Како е можно по децениска образовна, научна и експертска активност во најпрестижните европски институции и десетици академски трудови објавени во западноевропските списанија и книги, една марксистичко-сталинистичко-енверистичката партија, која не е примена во ниту едно партиско семејство во Европскиот парламент, да ме напаѓа и обвинува за русофилија и путинизам?

Партијата, којашто 22 години е на власт, од кои 16 непрекинато на „Илинденска“, сега, фројдовски ја проектира сопствената фрустрација на други. Ноторен факт е дека токму ДУИ во своето соопштение, признава дека овозможила сериозно руско влијание во Македонија.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

За среќа, веќе триесет години мој професионален дом е најстарата европска институција, Советот на Европа. Мојата комуникација со Стразбур е поврзана со човековите права, владеењето на правото и демократијата.

За разлика од мене, комуникацијата на Али Ахмети и други функционери на ДУИ со Стразбур е поврзана со хашките случаи. Дуња Мијатовиќ, комесар за човекови права на Советот на Европа, во писмото до Владата порача дека во Европа, согласно со меѓународното право, воените злосторства никогаш не застаруваат.

Време е сите актери во Македонија да се однесуваат европски.”

-напиша професорката Гордана Силјановска Давкова на фејсбук.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace