Градоначалничката на општина Македонска Каменица Соња Стаменкова преку социјалните мрежи ја информира јавноста за реализацијата на повеќе тековни проекти.
“Продолжуваме со силно темпо во реализацијата на инфраструктурните проекти што значат подобри услови за живот за сите граѓани на Македонска Каменица.
Во рамки на доискористувањето на средствата од кредитот од Светска банка од 2021 година, веќе се реализираат активности за поставување нова хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација на улиците „Александар Македонски“, „Осоговска“, „Илинденска“ и „Македонска“, како и изградба на нов тротоар на улицата „Осоговска“. Истовремено, се изведуваат работи и на изградба на пешачкиот тротоар што ќе ја поврзе Македонска Каменица со населбата Павлиш Дол, со што значително ќе се подобри безбедноста на пешаците и поврзаноста помеѓу населените места.
Паралелно со овие активности, во населбата Горна Река интензивно се гради нов детски парк – современ и безбеден простор каде што нашите најмлади ќе можат да играат, да се дружат и да го поминуваат своето слободно време.
Во наредните денови започнуваме и со реконструкција на фонтаната и поплочувањето на дел од градскиот плоштад. Со ова ќе создадеме поуреден, помодерен и пофункционален централен простор, достоен за нашите сограѓани и за бројните културни, спортски и јавни настани што ги организираме во текот на годината.
Нашата определба е јасна – континуирани инвестиции, видливи резултати и подобра инфраструктура во секој дел од општината. Продолжуваме посветено да ги реализираме ветените проекти, затоа што Македонска Каменица заслужува современ развој и поквалитетен живот за сите. “
-напиша на социјалните мрежи Градоначалничката на општина Македонска Каменица Соња Стаменкова

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Градоначалникот на Делчево Иван Гоцевски дел од јавниот форум „Жените знаат што им треба“, во организација на Здружението „Гласен Текстилец“ во Штип
ПОТПИШАНИ ДОГОВОРИ ЗА РАБОТНО АНГАЖИРАЊЕ ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА ЗА ОКР ВО ОПШТИНА ВИНИЦА
Распишан конкурсот за општински стипендии за академската 2026/27 година