На 3-ти Јуни во недела со почеток во 10.30 часот на врвот на планината Голак ќе се постави камен темелник на новиот Божји храм “Св. Пантелејмон” кој ќе се гради во наредниот период.
На самиот свечен чин најавено е присуство на голем број на поединци од државата но и странство.
Осветувањето на камен темелникот ќе го изврши Неговото Високо Преосвештенство, Владиката Брегалнички г. Иларион.

Ктитор на овој нов Божји храм е г-динот Мите Стојковски од Делчево со неговото поблиско семејство.
Се покануваат сите добронамерници да присуствуваат на овој светол чин.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Локален базар во Делчево: празник на традицијата, креативноста и локалниот дух.
Концерт на Танец и Воениот оркестар на АРМ вечерва во Делчево
Премиерот Мицкоски од Виница денес соопшти дека почнува реализацијата на проектот за експресниот пат Делчево- Виница- Кочани