Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев денеска на пладне преку своја прес конференција се обрати во јавноста во врска со најавеното зголемување на акцизата за нафтата и нафтените деривати од страна на власата преку Регулаторната комисија
Притоа тој ваквата политика на актуелната власт ја оквалификува како кронизам, т.е. како отровно пријателство меѓу бизнисот и владата поради намерата да се профитира во време на пандемија.
Во продолжение во целост ја пренесуваме неговата реакција упатена во јавност во врска со оваа тема:
“Со зголемување на акцизата владата на Заев директно удира врз народот, ќе ни се случи втора криминална транзиција.
Владата на Заев во услови на пандемија спроведува, она што западниот свет го нарекува кронизам, токсично пријателство помеѓу бизнисот и владата поради профитирање на сметка на пандемијата со корона. Тоа што во време на војна се нарекува воено профитерство, сега во услови на пандемија со корона се нарекува кронизам. Кронизам е кога владата ќе удри по грбот на граѓаните и ќе најави одлука за зголемување на акцизата на нафтата. Тоа значи дека Зоран Заев и Владата директно ќе земат пари од џебот на граѓаните за да се пополни буџетската дупка, потег од кој ќе се обогатат мал број на тајкуни. Впрочем со оваа мерка имаме враќање на криминалната транзиција на СДСМ.
Тој додава дека тогаш се богатеа малкумина на грбот на граѓаните, додека мнозинството осиромашуваше, денес повторно Заев и СДСМ е собираат преку зголемена акциза собираат пари од граѓаните за да се обогатат малкумина. Во транзицијата се затвораа фабрики и луѓето остануваа без работа. И денес се прави истото.
ВМРО-ДПМНЕ не поддржува воено профитерство, односно кронизам што ќе донесе зголемување на акцизата на нафта а со тоа и директно зголемување на цената на многу продукти и поскап живот. Владата ризикува инфлација и поскап живот на граѓаните. Цената на нафта допрва ќе расте на светската берза и ако на ова се придодаде и зголемување на акцизата која ќе ја направи владата на Заев тогаш ќе имаме европски цени на нафта во услови на неевропски стандард. Затоа бараме веднаш да се повлече од намерата за покачување на акцизата која ќе донесе поскап живот и сиромаштија на граѓаните. Не смееме да дозволиме враќање на транзицијата каде едни ќе се богатат, а други уште повеќе ќе осиромашуваат.”

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Одбележан патрониот празник на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ во Оризари
Предложен притвор за вработен во ДЗС осомничен за поткуп
Делегација на МВР учествуваше на 15. конференција на ИНТЕРПА во Доха, Катар