БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

ЈСП Скопје не ги исполнува своите обврски кон жителите на Сопиште

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

До редакцијата на Брегалнички Портал пристигна реакција упатена до јавноста од страна на општина Сопиште, чиј што интегрален текст во продолжение го објавуваме:

“Ве информираме дека Општина Сопиште во изминативе неколку месеци испрати повеќе официјални дописи и константно реагира до Јавното сообраќајно претпријатие ЈСП Скопје, за проблемот со нередовниот јавен превоз кој ја „покрива“ нашата општина. Од надлежните бараме континуиран и навремен јавен превоз, особено на линија 58, но, за жал, сведоци сме дека состојбата останува нерешена.
Веќе неколку месеци, залудно го известуваме ЈСП Скопје за сериозните проблеми со оваа линија, а недостапен за директна комуникација е и директорот на претпријатието.

Подолг период, јавниот превоз на линија 58 не се одвива по утврдениот возен ред, а речиси секојдневно дел од утврдените поаѓања воопшто и не се реализираат, што ги остава жителите на општина Сопиште без соодветна и навремена врска со градското подрачје. Граѓаните не можат да го планираат патувањето за до работа, училиште, на лекар и слично. Оваа ситуација сериозно го нарушува секојдневието на жителите, кои оправдано реагираат и упатуваат жалби до нас.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

И покрај нашите постојани апели и напори за средување на состојбата, игнорантското однесување од страна на ЈСП продолжува. За жал, не се преземаат конкретни чекори за подобрување на услугата, а ситуацијата дури продолжува да се влошува.

Во меѓувреме, Општината навремено и во целост ги подмирува финансиските обврски према претпријатието. Затоа, апелираме до ЈСП и до Град Скопје, како основач на ЈСП Скопје, час поскоро да преземат итни мерки за решавање на овој проблем. Жителите на сите населени места на општина Сопиште имаат право на навремен и безбеден јавен превоз, исто како и сите останати жители на Скопје. Тие заслужуваат сигурен и редовен јавен превоз, како и активно учество во градската мобилност.

Се надеваме дека во најкраток рок ќе бидат преземени мерки кои ќе го подобрат јавниот превоз и ќе го решат овој секојдневен проблем на нашите жители”,

-стои во реакцијата упатена до јавноста од страна на општина Сопиште

Креирано од:


Пренеси го гласот