Брегалнички Портал

Вести од Багалничкиот регион.

Според психологијата на толпата

Пренеси го гласот

Во минатото било, и ќе биде дел од старата удбашка школа на индоктринации и инфилтрации за полесно разбивање и ласерско сечење на оние тврди ткива кои со тек на време радикализирале од една страна и оние меките од друга страна (јас си ги викам нагалено мекотели, амеби, прокариотски форми low level)…во превод тврдите се сечат со скалпел или нож а вториве или некрозираат од старост или лигаво се спојуваат со некој наш небитен дел!?

Затоа и овој пролог е драматичен и асоцијативен, наместо таргетиран и лекомислен. Затоа и велам дека секоја сличност помеѓу ,,дешавките ” во град Скопје се намерни или препоклопени од завист, злоба, личен интерес и паушали….премногу е очигледна оркестрираната атака на се што е ВМРО од страна на една забегана офанзива на вчерашни наши а меѓи и обични граници, разно – разни и секакви измислени ликови и за ситна пара продадени мисловни хендикепи желни за парче слава откинато од најголемата партија. Сиве овие структури се диригирани само и само, од еден центар.

Причина-Иницијативата за распишување на референдум за поништување на Бугарскиот договор.

Зошто толку паника и страв за нешто (како што велевте)што се прави за џабе?? Истите оние кои толку жолчно го оспоруваа, сега бараат пореален пристап за оваа сензитивна точка. Затоа пак ќе кажам: Каменот од близу доаѓа! И оној бушавиот кој се беше скрил за со денови да игнорира држава, сега се напнал да глуми неутралец.

Тоа се тие големини во Македонија. Тоа е таа слика на искривена реалност.

Затоа секогаш напред пред вас е гужва пред гол, во позадина работи само позадинска апликација. Како? Ќе дознаете после Нова година…

Пишува: Гоце Марков

Креирано од:


Пренеси го гласот