БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Спортски клубови и здруженија во Делчево пред раб на колапс: Општината одобрува но слабо исплаќа сретства за граѓанските организации

Пренеси го гласот

Општина Делчево по основ на поднесени барања и годишни програми за работа им одобрила 1 милион 160 илјади денари на граѓанските организации и спортските клубови во Делчево како што може да се види од сл илустрации превземени од веб сајтот на општина Делчево:

Заклучно со месец јуни исплатата на овие одобрени сретства за 2023 година според одговор на општина Делчево до советници во делчевскиот совет, била само на 140 илјади денари, што е драстична мала сума за да може да се спроведуваат било какви граѓански или спортски активности.

Нивото на развој на здруженијата во чија што категорија се вбројуваат и спортските клубови во Делчево е драстично намалено во изминатите години што може во јавноста да се согледа по квантитетот и квалитетот на нивна работа во досегашниот тек на оваа календарска година.

Според нашите информации како еден од најзначајните спортски клубови во Делчево ФК Брегалница моментално се соочува со огромни проблеми во својата работа пред се поради субјективни причини на нарушени односи меѓу управата на клубот и градоначалникот на општина Делчево. Останува во наредната сезона да видиме дали ќе се надминат присутните проблеми за да може публиката да гледа фудбал во Делчево, но едно е сигурно- спортот не треба да биде жртва на политички игри и комбинации.

Младите генарации кои сакаат да спортуваат и да градат општествен дух на активизам и вклучување во општествените процеси не смеат да бидат жртви на суета на неколкумина локални функционери кои што немаат визија за развој на граѓанскиот сектор на Делчево!

Во предизборната кампања за локалните избори во 2021 година актуелниот градоначалник Горан Трајковски снимаше промотивни видеа од дрон на трибините на ФК Брегалница за да ја добие поддршката на делчевчани, за денес на клубот да му се заканува отсуство од натпреварување во соодветната фудбалска лига, што е преседан за спортот во Делчево како никогаш до сега.

Покрај ФК Брегалница нашите информации говорат дека и останати спортски клубови во Делчево стагнираат и назадуваат во својата работа споредбено со минати години, што сериозно го наметнува прашањето за подигање на свесноста и поголема општествена одговорност како на општоината така и на општествено одговорни компании кои би можеле да инвестираат повеќе финансии во спортот во Делчево. Ваквите инвестиции можеби немаат економска логика на кратки патеки, но тоа се инвестиции во младите генерации во Делчево кои што треба да бидат иднина на оваа општина на која и се заканува драстично исчезнување на нејзините граѓани.

За ваквата состојба со ниското ниво на реализирана финансиска поддршка од страна на градоначалникот на општина Делчево кон здруженијата во општината своја реакција во јавноста упатија и од ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево чиј што текст интегрално го пренесуваме во продолжение:

🧶ДАЛИ ВИСТИНАТА ЗА ФК БРЕГАЛНИЦА, ПОЛЕКА ПОЧНУВА ДА ИЗЛЕГУВА НА ВИДЕЛИНА⁉️

Дали поради ветените а неисплатени сретства спортските клубови и невладините организации се пред раб на пропаст во Делчево⁉️

📌 Врз основа на поднесени и одобрени сретсва за реализација на своите активности во рамки на Буџетот на општина Делчево, спортските здруженија и граѓански организации во Делчево ги имаат планирано своите активности за тековната 2023 година.

⚠️Од одобрени 1 милион 160 илјади денари за спортските клубови и невладини организации градоначалникот на општина Делчево заклучно со месец јуни им има трансферирано само 140 илјади денари што е драстично помала сума од оние одобрени сретства со кои што се пофали општина Делчево пред некој месец‼️

⚠️ Ваквиот игнорантски однос на градоначалникотГоран Трајковски за состојбите со спортот и граѓанскиот активизам во Делчево ги доведува до раб на пропаст овие организации без чија што работа не може да се замисли животот во Делчево и се од исклучително значење за голем број делчевчани‼️

🤝 Апелираме до градоначалникот на општина Делчево Горан Трајковски да направи своја анализа за тоа каде е проблемот во однос на одобрените а неисплатени сретства кон спортските и невладини организации во Делчево во најкус можен рок, пред да се доведе пред банкрот нивното работење со оглед на нивните планирани активности во рамки на нивните годишни програми.

🔴⚫️ ВМРО-ДПМНЕ во наредниот период како и до сега внимателно ќе ги следи состојбите во оваа дејност на општината и ќе се бориме за квалитетно исполнување на превземените обврски со цел за развој на граѓанскиот сектор во Делчево.

🫵 Граѓаните на Делчево имаат право на вистински развиен граѓански сектор и успешни спортски клубови а не само декларативни слепи заложби на врвот на СДСМ за некаква европеизација додека на локално ниво го уништуваат и онака малку граѓански сектор кој што постои.

#Концепт800Плус#ВМРОДПМНЕ#ЗаДелчево#ПроектиЗаГраѓаните

Креирано од:


Пренеси го гласот