Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, денес оствари средба со нашиот сограѓанин Зоран Николов, кој минатата недела го освои највисокиот планински врв на Јужната хемисфера и воопшто највисок врв на светот надвор од Азија, врвот Аконкагва (6962 м.н.в).
Николов е вториот штипјанец, после др. Сашко Кедев кој го има искачено овој екстремно тежок врв.
Експедицијата за искачување на највисокиот врв на Андите од која дел беше Зоран Николов траеше 18 дена, а за тежината и големината на овој подвиг говори и фактот дека досега од сите експедиции кои тргнале во освојување на овој врв, само 30 проценти стигнале до целта.
Извор: фејсбук

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Градоначалникот на Делчево Иван Гоцевски дел од јавниот форум „Жените знаат што им треба“, во организација на Здружението „Гласен Текстилец“ во Штип
ПОТПИШАНИ ДОГОВОРИ ЗА РАБОТНО АНГАЖИРАЊЕ ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА ЗА ОКР ВО ОПШТИНА ВИНИЦА
Распишан конкурсот за општински стипендии за академската 2026/27 година