Во рамки на интензивната меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ, Претседателот, Христијан Мицкоски денеска оствари значајна средба со Амбасадорот на Италија во Република Македонија, заедно со Потпретседателот Александар Николоски:
Денеска заедно со Потпретседателот Aleksandar Nikoloski остваривме средба со амбасадорот на Република Италија во Македонија, Карло Ромео.
На средбата се разговараше за актуелните политички случувања во Република Македонија, го истакнав политичкиот прогон кој се врши врз членови на опозицијата и директниот напад врз опозициската мисла, економската состојба во државата како и реформските процеси кои се клучни за остварување на стратешките приоритети на Македонија.
-напиша на фејсбук Христијан Мицкоски во однос на остварената средба.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Денеска се одржа саем на женско претприемништво „ЕКСПО 2026“
Рекордно издание на Регионалната конференција за е-трговија: Над 900 учесници од повеќе од 12 земји
МИНИСТЕРКАТА БОЖИНОВСКА ДЕЛ ОД ДРЖАВНАТА ДЕЛЕГАЦИЈА НА COP31 ВО ТУРЦИЈА