По повод 15 Мај Меѓународниот ден на семејството, министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, заедно со амбасадорот на Република Турција во Република Македонија Н.Е Фатих Улусој, испратија силни пораки до јавноста.
Во продолжение го пренесуваме обраќањето на министерот Лимани:
Денес, по повод Меѓународниот ден на семејството, заедно со амбасадорот на Турција, ги реафирмираме нашите долгогодишни пријателски односи и нашата заедничка посветеност кон унапредување на семејството како основна вредност и столб на општеството.
Семејството претставува извор на стабилност, љубов и солидарност, и затоа нашата соработка се фокусира на креирање политики што ќе го поддржат неговото јакнење – преку социјални услуги, поддршка за младите генерации и развој на инклузивни и одржливи мерки.
Како институција, нашата основна задача е да обезбедиме поддршка за сите форми на семејства и да ги задоволиме нивните различни потреби.
Во таа насока, Министерството активно спроведува низа значајни иницијативи со цел унапредување на заштитата на децата и поддршката на семејствата, меѓу кои:
1. Имплементација на Европската детска гаранција, со акцент на еднаков пристап до основни услуги за најранливите деца,
2. Промоција на позитивно родителство, преку обуки, ресурси и поддршка за родителите,
3. Развој на систем за рана интервенција, насочен кон навремено препознавање и поддршка на деца со потешкотии во развојот,
4. Изработка на Национален акциски план за правата на децата (2025–2029), како стратешки документ за унапредување на детските права,
5. Законски измени за зајакнување на заштитата на децата, вклучувајќи формирање на специјализирано тело за следење на нивните права,
6. Унапредување на системот за згрижување, со отворање на нови центри за поддршка на згрижувачките семејства,
7. Изработка на нов Граѓански законик, со што ќе се унапредат семејноправните односи и ќе се приближиме до европските правни стандарди.
Нашата визија е општество во кое секое дете има можност да расте во сигурна, грижлива и поттикнувачка средина; каде што семејствата се поддржани, а младите охрабрени да ја градат својата иднина со надеж и самодоверба.
Веруваме дека преку стратешка соработка, размена на знаења и заедничка посветеност, можеме да создадеме инклузивна, праведна и одржлива заедница за сите.
Денешниот Меѓународен ден на семејството е потсетник дека токму во семејството се темелат вредностите што го движат едно општество напред.
Да вложуваме во тие вредности – со срце, со визија и со заеднички чекори.Ќ
-стои во обраќањето на министерот Фатмир Лимани од вчерашната средба.
Во продолжение го пренесуваме и обраќањето на амбасадорот на Република Турција во Република Македонија Н.Е Фатих Улусој:
“Почитуван министер,
Ценети претставници на медиуми,
Денес во рамки на 15 мај – Денот на семејството се сретнавме со почитуваниот министер со цел да разговараме како би можеле нашите две земји да соработуваат во насока на зачувување на семејството. Најпрвин би сакал да му се заблагодарам на почитуваниот министер за поддршката и разбирањето за зачувувањето на семејните и општествените вредности.
Годината на семејството за прв пат во 1994 година е обзнанена од страна на Обединетите Нации на меѓународно ниво. Додека 15 мај во изминативе 30 години се одбележува како Меѓународен ден на семејството.
Семејството, како примарен столб на општеството, е незаменлива институција која нема алтернатива. Семејството, кое го опкружува човекот низ целиот негов животен тек, претставува најфундаментална точка на поддршка во животот на поединецот. Семејството обезбедува поддршка на поединецот преку создавање на неговиот прв општествен круг, обезбедува доверлива средина и игра многу важна улога во развојот на идентитетот.
Многу проблеми што се појавија како резултат на брзите промени и трансформации што се случуваат во светот го таргетираат единството, благосостојбата и структурата на семејната институција; а тоа ја загрозува човечката природа и иднината на општеството. Негативниот дискурс насочен кон вредноста и важноста на семејството и бракот прикажуваат тренд на раст низ целиот свет и овие вредности намерно се обезвреднуваат од одредени кругови.
Токму затоа, зајакнувањето на интегритетот и функционалноста на семејната институција и обезбедувањето спокој, среќа и благосостојба на членовите на семејството ќе придонесе за обезбедување на подобра иднината за целото човештво.
Со цел да се нагласи важноста и да се заштити единството и сплотеноста во семејството, како и да се даде севкупна поддршка на семејството наспроти постојните ризици, од страна на нашиот претседател 2025 година беше прогласена за Година на семејството во Туркије. Во овој контекст, оваа година се организираат активности што ќе обезбедат економски придобивки за заштита и зајакнување на семејството, ќе ја подигнат свеста и ќе придонесат за социо-културен развој на семејствата.
Меѓународниот семеен форум ќе се одржи во Истанбул на 22-23 мај 2025 година. Нашиот министер за семејство и социјални услуги испрати покана до министерот за социјална политика, демографија и млади на Северна Македонија, г-дин Фатмир Лимани. Со задоволство ќе бидеме домаќини на министерот или на претставникот кој ќе биде назначен од негова страна.
Почитуваниот министер Фатмир Лимани присуствуваше на Меѓународниот самит за жени и правда организиран од турското Министерство за семејство и социјални политики и невладината организација КАДЕМ (Здружение за жени и демократија) во Истанбул на 8-9 ноември 2024 година, со тема „Жените во ерата на вештачката интелигенција: Раст на таргетирањето и растечките проблеми“ и имаше билатерална средба со нашата министерка за семејство и социјални политики Махинур Ѓокташ. На овој состанок беше нагласена важноста на семејството како фундаментален елемент на општеството и беше подвлечена важноста на политиките за поддршка на семејството. Нашиот претседател Реџеп Таип Ердоган, исто така, присуствуваше на овој самит.”
-рече амбасадорот на Република Турција во Република Македонија Н.Е Фатих Улусој


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Божиновска со низа билатерални средби и пораки за забрзана транзиција на UNECE Resource Management Week
Шеикот Венко од Емиратите: Сепак претседателот на СДСМ има златна виза како менаџер и инвеститор во Обединетите Арапски Емирати
Божиновска од UNECE Resource Management Week 2026: Одлучни политики, силни инвестиции и меѓународна соработка за одржлива енергетска иднина