Како Македонски народ и тоа како имаме против внесување на бугари во устав сега во вакви историско-актуелни односи на Бугарија и бугарите кон Македонија.
Со ништо бугарите не допринеле за создавање на слободна и независна Македонска држава, па да бидат запишани како конститутивен народ во преамбулата на Македонија!
Баш напротив! Од повампирувањето на нивните територијални аспирации во 1878 година со Сан Стефанска Бугарија кон Македонските територии, преку безброј наредби на политичкиот врв на Бугарија за физичка елиминација на Македонски првенци, па се до денес заклучно со нивното вето на ЕУ-интеграцијата на Македонија, бугарите одработувале на штета на Македонската држава. Тоа се аргументи кои што никој не може да го негира.
Ако сака Бугарија, бугарите да бидат конститутивен народ во преамбулата на уставот на Македонија, треба многу да се помачат околу афирмација на Македонските национални интереси (читај слободна и независна Македонска држава) па дури тоагш како такви да бидат ставени во преамбулата.
Евро-интегративниот пат на Македонија е добра шанса на сите бугари да застанат едногласно зад ЕУ-интеграцијата на Македонија и со сите расположиви сили да се борат Македонија што е можно побргу да влезе во ЕУ, за дури потоа Македонскиот народ да рече дека еве бугарите со нешто заслужиле да се најдат во Преамбулата на уставот.
Прв чекор кон афирмација на нова европска политика од страна на властите во Бугарија е почитувањето на одлуките на судот за човекови права во Стразбур за правото на Македонците во Бугарија да се организираат во свои слободни организации за остварување на нивните права и потреби.
Овие екплицитно дадени тези и аргументи се основа на барањата на Премиерот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за давање на реални гаранции под закрила на Советот на Европа и Комисијата за процесот на пристапување на Македонија кон полноправно членство на ЕУ без понатамошни опструкции од страна на Бугарија, базирани на билатерални прашања.
Да, бугарите може да влезат во преамбулата на уставот на Република Македонија, само и само во моментот кога Македонија ќе стане полноправна членка на ЕУ. Ова е шанса на бугарите да направат конечно нешто добро за оваа нивна соседна западна држава со што ќе ја ублажат болката од сето зло што го имаат направено на овој народ низ историјата. Па сите заедно братски да работиме за развојот на Балканот (кој како географски простор е нецелосен без неговото срце- Македонија)


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Про-бугаринот Венко Филипче нека покаже како треба и нека ги стави бугарите во статутот на СДСМ, Македонскиот устав не му е дедовина да го решета како ќе му текне
Зошто НАТО не го активира членот 5 во војната меѓу САД и Иран?
Синдикалниот комунизам е мртов. Македонија како земја на услуги треба да развива трудов раст а не секојдневие на социјална пропаст