БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Средба на Мицкоски со шефот на мисијата на ОБСЕ во Македонија

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во текот на денешниот ден, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев остварија средба со амбасадорот и шеф на Мисијата на ОБСЕ во Македонија, Килиан Вал.

На средбата се разговараше за спроведувањето и резултатите на последните претседателски и парламентарни избори во Македонија, како и за понатамошните чекори за идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот Мицкоски се заблагодари на преставниците на Мисијата на ОБСЕ за активното вклучување и следење на изборните процеси, како на 24 април, така и на 08 мај.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Од страна на претседателот Мицкоски беше потенцирано дека следи период на реформи во државата, економско зајакнување, како и борба против корупцијата и криминалот за да може државата да се развива и просперира.

Истото така тој додаде дека државата ќе продолжи по европскиот пат за кои идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ силно ќе се залага.

На средбата беше констатирана успшната соработка помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Мисијата на ОБСЕ и истата ќе продолжи.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace