Дипломатските односи на ВМРО-ДПМНЕ се повеќе добиваат на интензитет. Комуникацијата на раководните структури на опозициската партија во рамки на Европската народна партија како и официјалните претставници на европските држави и САД претставува голема придобивка за афирмацијата на Република Македонија на меѓународен план, како и изнаоѓање на можности за соработка на Македонските граѓани со партнери од странство.
Денеска Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со Секретарот за меѓународна соработка Тимчо Муцунски остварија работна средба со хрватската амбасадорка во партиските простории на ВМРО-ДПМНЕ.
Притоа на самата средба станало збор за состојбите во Република Македонија на политички план како и процесите поврзани со евроинтегративните процеси на државата.
Во продолжебние во целост го пренесуваме соопштението лиферувано до јавноста од страна на Мицкоски:
“Денес заедно со меѓународниот секретар, Тимчо Муцунски / Timco Mucunski остваривме средба со амбасадорката на Република Хрватска, Нивес Тигањ.
На средбата разговаравме за актуелните политички случувања во државата, членството на Република Македонија во Европската Унија и престојните парламентарни избори.
Нагласив дека приоритет и стратешка определба на ВМРО-ДПМНЕ е членството во Европската Унија, притоа потенцирав дека ВМРО-ДПМНЕ има план и визија како Македонија да ја стави на брзата трака за членство во Унијата.
Новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ќе биде фокусирана на суштински реформи во правосудниот систем и спроведување на реформски процеси клучни за европската перспектива на Република Македонија. Потенцирав дека високиот степен на криминал и корупција во највисоките ешалони на власта се клучниот проблем со кој се соочува нашата држава, а токму ова е аргумент во застојот на интеграциите.
Ја истакнав и важноста на фер и демократски изборен процес за иднината на државата.
Со соговорниците се согласивме дека Република Македонија и Република Хрватска имаат одлични односи кои треба дополнително да се продлабочат.”


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заменик-министерот Ристески се обрати на отворањето на Првиот Бизнис форум во општина Делчево „Заедно да подадеме рака на развојот“
ДКСК го објави Каталогот на пријавени подароци за избрани и именувани лица за 2025 година
Финансиска полиција поднесе пријава против поранешен претседател на Стоматолошката комора на Македонија