“Денес пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ имаше редовна координација овој пат пред самата седница каде што е предложена точката за уставни измени. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ останува на континуираниот став дека измени на Уставот во ваков формат под бугарски диктат не се можни и нема да поддржиме.
Впрочем нашиот став е кажан и на Комисијата за уставни измени, каде аргументирано кажавме дека власта турка процес кој што не е поддржан од граѓаните. Истото ќе го повториме и на пленарната седница.
Оваа седница ќе биде добра можност да се увери целокупната јавност дека власта цела една година лаже, манипулира и сее маглаоколу уставните измени и дека не се ни блиску до уставни измени.
Тоа значи дека власта е разголена и нема друг адут освен лагите и манипулациите. Ова се случува секогаш кога народот ќе се потцени, и кога личните интереси ќе ги стават пред тие на државата. Тие цела година купуваа време со очекување и сега стануваат жртва на сопствените лаги. Дозволија државата да ја стават во подредена позиција и да ја донесат во слепа улица.
После ова очекуваме одговорност.”
-Интегрален текст на прес конференцијата на Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Министерството за култура го објави конкурсот за проекти од национален интерес за 2025 година
Истрагата за струмичките фирми води до злоупотреби на ЈО, УЈП, Централен Регистар и Царинската управа. Парите од Еуростандард Банка биле префрлани во Турција
Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите нa новиот бугарски амбасадот во Македонија