На 2-ри август 2007 година Махид Кавоусифар заедно со неговиот внук Хусеин Кавоусифар биле егзекутирани со јавно бесење поради атентатот врз судијата Масуд Могадаши од Исламскиот револуционерен суд во Иран.
Масуд Могадаши беше еден од групата на судии на Исламскиот револуционерен суд кои што изрекоа колективна пресуда против 2800 до 3800 политички затвореници за нивна егзекуција за време на масовното погубување на ирански политички затвореници што се случи во 1988 година.
Махид Кавоусивар не покажа каење пред џелатот моменти пред да биде обесен, соопштувајки “Стигнав до точка каде што одлучив да искоренам секаква неправда”
Неговите последни зборови пред да биде обесен заедно со неговиот внук Хусеин Кавоуисифар биле:
“Моето име е Махид Кавоуисифар, Јас сум Иранец, Не чекав некој во овој свет да ми подари правда, Стигнав до точка каде што одлучив да искоренам секаква неправда. Се смеам затоа што знам дека мала насмевка во тој момент ќе биде голема порака за надеж за секој репресиран човек на лицето на земјата”


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Најава за историски час посветен за Гоце Делчев организиран од припадници на Македонската дијаспора
Лариса Дир: Цел на руските напади во Одеса синоќа меѓу другите беше и породилиште со мајки родилки и бебиња
Како поморскиот теснец кај Хормуз стана најзначајна геостратешка точка во светот?