Во синоќешната ТВ дебата на телевизија 24 заменик министерпт за администрација и информатичко општество Стефан Андоновски зборуваше за дел од состојбите кои ги затекнал во ова значајно министерство.
“Јавната администрација има достигнато ДУПЛО ДНО
Ако со ова темпо се менуваат работите на Македонија ќе ѝ требаат 306 години да ги достигне критериуми на ЕУ.
Од дебатата на Телевизија 24:
На првото дно се вработените во јавната администрација: омаловажени, во лоши услови, со ниски плати и без можност за напредок.
И на второто, и уште поважно – граѓаните. Тие не добиваат услуги, чекаат во редови, не се задоволни.
Се бараше јавна дебата за донесување на законите за администрација, но тоа не им беше дозволено на синдикатите. Законот за административни работници не соодветствува со барањата на ЕУ.
Затоа потребни се промени!”
-напиша на социјалните мрежи Стефан Андоновски во врска со своето гостување и двата работни денови како заменик министер во МИОА.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Пилот проект за лекување од далечина започна да се спроведува во Делчево и Дебар
Сообраќајна несреќа со тешки телесни повреди денеска во Штип
Заменик-министерот Ристески се обрати на отворањето на Првиот Бизнис форум во општина Делчево „Заедно да подадеме рака на развојот“