ТВ Дуел во најава!
Почитувана јавност,
Во текот на денот ќе имаме одговор од Министерката за одбрана Славјанка Петровска дали ќе ја прифати понудата на една национална ТВ за да реализираме телевизиско соочување.
Понудата за ТВ соочување од моја страна стои отворена за било кој ден идната седмица од Вторник до Недела.
Во духот на демократијата, да појасниме зошто нејзините пратеници од СДС во Собрание го блокираат законот за обештетување на семејствата на загинатите, а со тоа и Законот за вработените во одбраната, да зборуваме за штетните политики во одбраната, популизмот што го спроведува постојано и посебно сега на крајот на нејзиниот мандат и пред избори. Секако да подискутираме и за актуелните политички случувања во државата кои се од интерес на јавноста.
Министерке Славјанка Петровска, одважете се и прифатете ја понудата за ТВ соочување на фактите.
До крај на мандат имате уште 97 дена. Бидејќи после тоа паѓате во заборав, нема да имаме друга шанса за аргументирана дискусија.
Јавноста има право да знае.
-соопштение упатено до јавноста од страна на пратеникот Драган Ковачки.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Пилот проект за лекување од далечина започна да се спроведува во Делчево и Дебар
Сообраќајна несреќа со тешки телесни повреди денеска во Штип
Заменик-министерот Ристески се обрати на отворањето на Првиот Бизнис форум во општина Делчево „Заедно да подадеме рака на развојот“