На сите сограѓани од православна вероисповед, ви го
честитам големиот христијански празник, Успение на Пресвета Богородица.
Од сѐ срце ви посакувам празникот посветен на Пресвета Богородица да го поминете во добро здравје, исполнети со радост и среќа. Токму Успение на Пресвета Богородица попознат меѓу народот како Голема Богородица, како еден од неколкуте празници посветени на Мајката Божја, несомнено има долга и богата традиција на заеднички собири и прослави. На овие собири се дели трпезата, но и добриот збор и се дарува внимание и љубов.
Имајќи ги предвид сите искушенија со кои се соочуваме, да се инспирираме од големиот празник и да останеме сплотени, единствени, солидарни и грижливи за ближните. Само така можеме да ги надминеме сите кризи и искушенија.
Нека молитвите кон Пресвета Богородица, ги стоплат нашите срца и нѐ облагородат со смирение, духовност и верба во иднината.
За многу години празникот.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заменик-министерот Ристески се обрати на отворањето на Првиот Бизнис форум во општина Делчево „Заедно да подадеме рака на развојот“
ДКСК го објави Каталогот на пријавени подароци за избрани и именувани лица за 2025 година
Финансиска полиција поднесе пријава против поранешен претседател на Стоматолошката комора на Македонија