Државата, ниту општините , не сакаат да инвестираат во изработка на стриповите, а се појавува се поглем потенијал и љубители на т.н. деветта уметност.
“Имавме извесна поддршка во 2015 и 2016 година, но оваа година немаме никаква поддршка за нашите активности. Преку стрип може, на пример, да се прикаже целата историја на еден народ и на тој начин да им се доближи на младите популации, како реклама и промоција”
-изјави Александар Стефанов, стрип уметник.
Франција го има воведено стрипот во образованието, децата ја учат и совладуваат неговата техника на изработка и суштината на пораката која треба да произлезе од самиот стрип. Во некогашна Југославија повеќе значење се давало на стрипот .
Во Виница беше организиран настан за изложба на стриповите кои се создадени од македонски стрип-автори, и објавени во едни од легендарните стрип-едиции во поранешна Југославија. Оваа книга е трета објавена монографија која се занимава со историјата на стрип изданијата од македонски автори.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Традицијата на боречкиот спорт во Карбинци има убава перспектива
Физички напад во угостителски објект во Штип
Расчистен запуштениот простор околу поранешниот хотел „Турист“