БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Струмица на овие избори стана симбол на Македонската слобода

Пренеси го гласот

Од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Струмица упатија своја реакција во јавноставо врска со постоење на индиции за вршење на притисок врз граѓаните од страна на функционери на СДСМ.

“Борче Цветков, Претседател на ОО СДСМ Струмица Изборите ќе ги изгубите, ама барем да се зачува достоинството !

Почитувани сограѓани,

СТРУМИЦА НА ОВИЕ ИЗБОРИ СТАНА СИМБОЛ НА МАКЕДОНСКАТА СЛОБОДА!

Многу скоро наша Струмица ќе стане симбол на правдата и борбата против корупцијата и криминалот. Струмица го препозна важноста на моментот и враќање назад нема!

Со ова обраќање Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ известува и предупредува на притисоци од СДСМ која е во паника поради поразувачките резултати на првиот круг од Претседателските избори.

Голем број на вработени во администрацијата се жалат на притисоци и закани. СДСМ се обидува да шири страв со уцени најпрвин кон голем број свои членови и активисти, а потоа се дрзнува да упатува закани и застрашувања на активистите на ВМРО-ДПМНЕ.

Веќе втор пат е каменуван штабот на ВМРО-ДПМНЕ во Вељуса што е уредно пријавено од страна на наши сограѓани.

Ист случај на каменување е пријавен и во Габрово. Во Турското маало се вршат притисоци во два часот по полноќ. Граѓаните се поплакуват дека Партијата на власт која е во заминување се уште си дозволува да ги заплашува ранливите категории на граѓани со укинување на помош и примања.

bregalnickimarketing

Ги охрабруваме сите наши сограѓани, особено членовите на СДСМ кои се ослободија и веќе го напуштат бродот на СДСМ кој тоне да не подлегнуват на заканите и притисоците. Апелираме до администрацијата да не подлегнуват на никакви притисоци и закани и уредно да ги пријавуват.

Знаеме дека станува многу сложено да се контролира паниката во Општинската Организација на СДСМ во Струмица како резултат на лошото владеење во сите мандати на локална и национална власт, но му препорачуваме на Претседателот на ООСДСМ Струмица:

Изборите ќе ги изгубите, барем да го сочуваме достоинството !”

-стои во соопштението упатено до јавноста преку социјалните мрежи од страна на Жан Дрвошанов- Претседател на ВМРО-ДПМНЕ ОК Струмица

Креирано од:


Пренеси го гласот