Оваа година поради голем број на несакани случувања, Струга обезбеди спасувачи на сите плажи во општината. 22 спасувачи ќе се грижат за гостите на сите плажи вклучувајќи го и Аква паркот.
Апелираат родителите со деца да си внимаваат на најмалите, да не се оди надвор од дозволеното, да внимаваат на езерото , а љубителите на возењето педалинки задолжително да носат заштитни елеци за безбедност.