Со дневното студио за “Body painting“, креирано од Сашо Мартиновски, се затвори првиот уличен фестивал “Со Марко на улица“ кој траеше три дена во Прилеп.
“Тука е финишот, кога завршуваме со фестивалот и благодарам на публиката, идеата е веќе ивадена од главата и реализирана, сега слободно можете да уживате во неа. Секој пат постои можност за нешто ново. Во годината имам неколку излагања од ваков тип и од типот на филмски излагања“
– изјави Мартиновски.

Фестивалот “Урбан Марко“, беше богат и зачинет со многубројни содржини пред голем број публика, а целта беше да се реактуелизира културното и народното наследство, во чест на ликот на големиот собирач на народни умотворби и приказни Марко Цепенков.



СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Д-р Агаи: Кога еден живот завршува, друг може да добие нов почеток
Промовирано ново институционално лого на Јавното обвинителство
КОНЦЕРТ НА ПИЈАНО ДУОТО ЏОРЛЕВА-МИХАЈЛОВСКИ ВО ВРШАЦ, Р. СРБИЈА