БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Свети Николе блесна во духот на денот на шегата Први Април

Пренеси го гласот

Денеска Свети Николе беше окупиран во центарот на градот од страна на огромен број дечиња заедно со нивните наставници, родители и баби и дедовци…

Можеа да се видат голем број насмеани лица, детски џагор, игра и песни по повод Први Април- Денот на шегата.

Во организација на општинските власти беше приреден пригоден музичко-забавен перформанс во кој што учествуваа самите дечиња со нивните воспитувачи.

“Прекрасна забава за нашите најмали и најдраги за денот на шегата 1-ви април.
Насмеани лица,весели дечиња, задоволни родители и наставници.
Да сте ми живи и здрави….
Вие сте нашето најголемо богатство.”

-соопшти градоначалникот на општина Свети Николе Дејан Владев во врска со овој настан

Креирано од:


Пренеси го гласот