БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Сите почести за еден од најгордите Македонски брендови од Професорката Гордана Силјановска Давкова

Пренеси го гласот

Вечерашната магија на Македонскиот идентитет проткаен низ звуците на проектот “Македонисимо” беше вистинско уживање за сите оние кои што на вистински начин умеат да го вреднуваат ова богатство кое што Македонија го има.

На вечерашниот концер на “Македонисимо” присутните имаа можност да бидат дел од светко а домашно духовно богатство кое што го одбележува нашето време сега и во иднина на најубав можен начин.

На вечерашниот концерт на Симон Трпчевски и неговите соработници присуствуваше и Професорката Гордана Силјановска Давкова која што со најубава можна почит ја искажа својата почит кон овиј Македонски бренд преку своја лична порака упатена преку социјалните мрежи.

“Симонисимо – Македонисимо!

➡️ Македонска премиера на оркестарската верзија на проектот МАКЕДОНИСИМО, посветен на МАКЕДОНИЈА. Симон Трпчески и пријателите, квинтетот во состав: Симон Трпчески (клавир и вокал), Хидан Мамудов (кларинет, алт саксофон, кавал), Александар Краповски (виолина), Александар Сомов (виолончело) и Влатко Нушев (удиралки), како и оркестарот АЈГА под диригентската палка на Ана Спасовска.

🎼 Вечер за паметење, во која на префинет, но истовремено и музички моќен начин, беа изведени транскрипциите на безмалку дваесет и три македонски ора и песни, транскрибирани и хармонски обработени од композиторот Панде Шахов. Суптилно исткаени и преплетени во неколку музички ПЛЕТЕНКИ, придонесоа дамарите и битот македонски да ја маѓепсаат публиката во салата на Македонската филхармонија.

bregalnickimarketing

👏 Бескрајно сме им благодарни!”

-напиша Проф. Д-р Гордана Силјановска Давкова на социјалните мрежи.

Креирано од:


Пренеси го гласот