“Успешни македонски приказни / млади таленти
ТЕОДОРА НИКОЛОВСКИ
Родена е во Женева пред 13 години, во семејство со македонски корени ( родителите и’ се со потекло од Велес и Штип), како петто дете по ред. Почнува да игра голф од својата седма година и оттогаш реди само успеси: има изиграно многу натпревари на национално ниво на Франција каде што живее и каде што почнува да ја гради својата кариера како млад и перспективен талент. Има освоено многу награди: 41-во место на Државен Шампионат на Франција во категорија до 14 години; Шампион на регионот Auvergne-Rhone-Alpes во Франција vo 2021 и 2022 година.
Последниве две години се натпреварува на високо државно ниво во Франција и Швајцарија. Од оваа година во најава се и натпревари од интернационално ниво во Шкотска, Белгија итн….
Теодора по природа е тивка, трпелива, трудољубива, но истовремено борбена и амбициозна. Таа е девојче со силен натпреварувачки дух и огромна желба за победи. Има несебична поддршка од своето семејство.
И’ посакуваме уште многу успеси и освоени трофеи кои ќе и’ бидат лична сатисфакција и поттик за нови победи, признанија и блескава кариера!”
-соопштение на Македонскиот национален Совет во Швајцарија.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Објавен конкурс за нови композиции фестивал “Бисер на Јадранот” 2026 – повик за пејачи, автори од Македонија
Македонската традиција живее во Пустец. Најавено присуство на Премиерот Мицкоски
И оваа година успешно се реализираше Летната школа по Македонски јазик и култура во Велики Лошињ, Хрватска