БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Тони Менкиноски: Македонците во Бугарија можат да се појават на избори и да влезат во бугарскиот парламент

Пренеси го гласот

Во емисијата “Заспиј ако можеш” на ТВ АЛФА зборуваше адвокатот Тони Менкиноски кој е дел од поширока гупа на луѓе кои што про-активно се борат за правата на Македонците во Бугарија пред меѓународните институции со правни сретства.

Случувањата поврзани со одбележувањето на 4- Февруари- роденденот на Гоце Делчев беа коментирани пост-фестум како потврда на сето она што беше кажано во истата оваа емисија од Тони Менкиноски и водителите Горан Момировски и Драган Милосавњевиќ пред самиот настан.

Во емисијата Тони Менкиноски го обзнани фактот што после победите на Македонските организации во Бугарија пред меѓународниот суд за човекови права во Стразбур, може да се организираат политичи и да настапуваат на избори во Бугарија за влаз во Бугарскиот парламент.

Тој го спомна и примерот со пратеникот Димитар Блаагоев кој шт во бугарскиот парламент се декларирал како Македонец.

“Советот на Европа си донесе една многу добра резолуција со која им кажа дека во Македонија бугаарите не се дискриминирани, и тоа е завршена опција. Нивната теорија… тие се во паника од причина што Македонците од Пиринска Македонија успеаа- победија. Тие имаат победено. Која како сака може да интерпретира тоа е победа (на меѓународен форум). Таа победа делумно е спроведена, делумно треба да се спроведе. Има веќе датум. Комитет на министри им даде дадум во мај на бугарите да си го спроведат, значи тие организации да ги имплементираат во нивниот легален систем. Што тоа значи? Тоа значи дека тие политички, можат да излезат на избори. И на избори кога ќе излезат и ќе добијат и ќе влезат во парламентот. Исто какоДимитар Благоев- бидејки одиме во Благоевград, треба да знаеме кој е тој. Димитар Благоев е Македонец од Загоричани кој во Бугарскиот парламент има јасно кажано, дека тој е Македонец, никогаш не се чувствувал за Бугарин и тој е основч ми се чини на Социјалистичкат или Комунистичката партија во Бугарија.

Ние Македонците и помагаме на Бугарија да се демократизира Бугарија да стане цивилизирана држава.”

-поентираше адвокатот Тони Менкиноски во првиот дел од емисијата “аспиј ако можеш” на ТВ АЛФА.

Целата емисија со Тони Менкиноски со повеќе детали одколу борбата на Македонците за своите човекови права погледнете ја во продолжение:

Креирано од:


Пренеси го гласот