Анимираните филмови на пиксар одамна престанаа да бидат само цртани филмови за деца. Длабоката суштина на содржината во нивните анимации може да се поистовети со секој човек, така што раскажувањето приказни стана доминантно во светот на анимацијата.Во краток анимиран филм од програмата SparkShorts, на Пиксар главната улога во филмот е клопче волница.
Филмот кој трае 8 минути ја раскажува приказната на Пурл на нејзиното ново работно место во кое доминираат мажите, поради што таа се соочува со полова нееднаквост.
Клопчето Пурл се обидува да се вклопи во машката средина и размислува за тоа колку далеку би одела за да биде прифатена и на крај, дали сето тоа воопшто вреди.
Режисерката Кристен Лестер изјавила дека го направила филмот според нејзиното искуство со работење во анимацијата. Оваа програма на Пиксар е нешто ново и ги нагласува нивните нови артисти.
Погледнете го:
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Постои град во Турција кој се вика “Бетмен”
Заборавен од своите соиграчи
Ова е најсмртоносниот ураган во светската историја со 22000 несреќни души загинати