Најлесниот и најбрзиот колач за подготовка, кој слободно можете да го доверите на вашите деца за припрема и нема да ве изневерат.
Потребни состојки:
– 300 грама мелени бисквити
– 100 грама маргарин
– 100 грама шеќер во прав
– 2 свежи банани
– 1 круша
– 1 кесичка ванилин шеќер
– 120 грама мелени ореви
– + 4 свежи банани
– 1 кесичка шлаг
– 200 милилитри млеко
– Маргаринот се меша на собна температура со шеќерот во прав.
Во смесата додајте ја ренданата круша и пасираните банани. Убаво измешајте ја смесата. Потоа додајте ги бисквитите, ванилиниот шеќер и оревите.
На фолија распоредете ја смесата, наредете ги целите банани по должина и направете ролат. Оставете го ролатот во фрижидер за да се стврдне.
Декорирајте со шлаг, мелени бисквити и ореви.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Дали и вие сте едни од оние кои се борат со алергиите?
Најубавите зимски рецепти за топли зимски денови на сите љубители на кафе
Љубители сте на виното, но дали правилно и професионално го консумирате