Таа година беше крстосница на патот на постоењето на Македонсиот национален идентитет.
Колку и да беа погубни и штетни политичките околности кои што го детерминираa развојот на настаните до ден денешен цели 6 години потоа, на почетокот на 2023 година Македонската самобитност и понатаму е исправена пред важни одлуки за својата иднина.
Тиранската платформа како политички ентитет беше катализатор- забрзувач на хаосот од кој што Македонскиот народ излезе поразен како никогаш досега од постоењето на Македонската држава.
Средбата на албанските политички лидери кај претседателот на Албанија Еди Рама во Тирана во 2017 година беше политичката експлозија која ја зовре крвта на Македонскиот национализам кој сам на себе си направи лоша услуга и со секој националистички испад удираше по капакот на тројанскиот сандак кој што беше подметнат во неискусната и неизживеана македонска политичка реалност.
Да! Тиранската платформа во 2017 година беше провокација на која подлегна голем дел од Македонското национaлно битие кое заплови во немирни води на ограничен разум и манифестација на духовите од немирното минато на Балканот.
Веројатно корените на Тиранската платформа лежеа многу поназад во минатото од таа 2017 година за што повторно беше пресудна таа Македонска лежерност, наивност и комодитет кога станува збор за соодветно првовремено политичко делување во пресрет на глобалните геостратешки процеси кои што се случуваат на овој екстремно динамичен географски простор.
Денес во 2023 година цели 6 години потоа на бајатата политичка сцена во Македонија се нуди Тиранска платформа бр. 2.
Дали целта на овој пропагандно-политички настан е иста?
Јас би рекол да.
Повторно треба да опстои СДСМ на власт со ДУИ како доминантни политички субјекти во нивната потреба од моќ, тендери, партизација, криманал и распродавање на вредности кои што не се нивни да ги распродаваат.
Од се она што можеше да го види Македонската јавност во изминатите 6 години беше само гола трговија на владата со ресурсите кои ги има на располагање Македонската држава. За својата услуга како договорно интересни страни СДСМ и ДУИ добиваа бенефити во форма на поделба на тендери, сретства од фондот за иновации, вработување над границата на оправданост во и така превработениот државен апарат- најчесто непродуктивни, неработни и во огромна мера штетни кадри… добиваа огромни придобивки кои што ги носат функциите за нивните функционери. И ццелата ваква агенда беше дефинирана од правилото дека никој нема право да краде од државата, освен оние што институциите раководени од СДСМ и ДУИ нема да ги фатат во криминал.
Па така на сиот можен криминал кој што на оглед на целокупната јавност се случува во државата ниту еден корупциски скандал не беше санкциониран од страна на актуелните власти.
Додека она што го испорачуваа СДСМ и ДУИ и нивните сателит партии е:
-висококвалитетен човечки потенцијал во странски држави кој што е подготвен да работи за помали дневници во споредба со граѓаните на тие држави каде што емигрираат,
-багателна Македонска земја за развој на странски бизниси без особени придобивки за Македонските граѓани,
-извоз на природни ресурси без значителна додадена вредност како приход за Македонската држава и најважно од се
-брендот на постоењето на Македонскиот идентитет кој што е еден од најзначајните во развојот на светската цивилизација.
Денешната Тиранска платформа бр. 2 како и нејзиниот претходник во 2017 година има за цел да оствари пропаганден бенефит СДСМ кои што премолчено го одобруваат ваквиот политички начин за остварување на големодржавни апетити пред се во форма на градење на коалициски капацитет со најголемите албански политички партии во пресрет на наредните парламентарни избори.
И повторно како и во 2017 година и во периодот ккој што претстои ќе се појават т.н. радикални националистички елементи помеѓу Македонското национално ткиво кои што во недостиг на информации, политичка зрелост и разум ќе со обидат да одработат во функција на ззацврстување на таа можна предизборна коалиција на СДСМ со ДУИ како албанска политичка партија чие што место во владата е сериозно загрозено од нивните политички непријатели БЕСА. И не е случајно што токму БЕСА на Биљал Касами нема да присуствува на денешната “чајанка” кај ЕДИ РАМА во Тирана.
Денешната Тиранска платформа има за цел радикализација и поларизација на јавноста во Македонија преку кои што во комбинација со останатите алатки кои што им стојат на располагање на власта на СДСМ и ДУИ ќе се обидат да пледираат кон создавање на нова влада по претстојните парламентарни избори. И повторно во предизборието ќе гледаме масовни поткупи, партиски вработувања, крчмење на државниот буџет кој што секојдневно го пробива дното на задолжувања, предизборна корупција на таргетирани социјални категории итн, итн…
Но….
Денес во 2023 година има едно големо НО.
Денес во 2023 година граѓаните на Македонија се до таа мера осиромашени што ниту една владина корупција нема да може да ги стави во нормален колосек на животот.
Денес нема семејство кое што нема свој член иселен во некоја странска држава каде р’мба за туѓи бели дворови.
Денес здравјето на граѓаните на Македонија е до таа мера руинисано што повеќе не им се релевантни лагите и пропагандните изјави на Димитар Ковачевски, Бујар Османи и Славјанка Петровска.
Денеска Македонија не била никогаш посиромашна од кога памети оваа денешна генерација Македонци.
Затоа Тиранската платформа бр. 1 од 2017 година во споредба со оваа во 2023 година година беше само обична чајанка. Допрва ќе губи Македонија ако народот не застане обединет зад своите интереси.
Пишува: Кирчо Анастасов
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Кому му пречи соработката меѓу демохристијански народни влади во Европа?
Продолжуваме да живееме во славно срамно сиромашно (три-С) време…
Предлог мерка за заживување на земјоделието: Државата да додели 1200 хектари на пратениците и сите субвенции за да произведат храна за народот