БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Средбата на албански лидери од Македонија кај Еди Рама е обид за спас на владата на Димитар Ковчевски

Пренеси го гласот

Во рамки на гостувањето во емисијата “Што не е јасно” потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски зборуваше за повеќе актуелни теми од интерес на Македонскиот народ.

Една од темите кои што поопширно беа разговарани со водителот на емисијата Љупчо Цветановски беше и претстојната најавена средба на поголем дел од лидерите на албанските политички партии во Македонија со албанскиот претседател Еди Рама во Тирана.

Налик средбата што претходеше на Тиранската платформа која внесе огромен хаос во функционираањето на Македонските институции пред 6 години, лидерите на албанските политички партии кои се дел од актуелната владина коалиција со СДСМ јавно ќе разговараат за Македонски работи со претседател на соседната држава, што е само по себе проблематично.

Тоа што е важно во однос на оваа средба е позадината на истата поради која се случува- го започна својата дискусија потпретседателот Николоски по однос на ова прашање.

“Мислам дека позадината на оваа средба е една сериозна паника која што во моментот се јавува во власта, најмногу во СДСМ колку и да ова изгледа нетипично за реториката поврзано со оваа средба која што е деновиве во јавноста. Јас според мое мислење но и сознанија, мислам дека оваа средба се случува токму на барање на СДСМ и Димитар Ковачевски кој што бара помош во опстојувањето на неговата влада. Затоа што владата е пред распад и се обидува на овој начин да добие помош за спас на својата влада а за возврат да реализира политички, ако сакате и регионални агенди кои што се на штета на Македонскиот народ. Кога ќе ги погледнете работите во овој контекст мислам дека работите стануваат многу појасни. Тоа е дека СДСМ и Ковачевски се спремни дополнително да одат на штета на Македонскиот народ во корист на одредени други агенди само уште некој месец да останат на власт затоа што тоа е максимумот што можат да го добијат во во таа насока бараат гума за спасување кај Еди Рама.

Но условите се променети и таа гума за спaсување нема да ја добијат затоа што немаат поддршка кај народот и мислам дека утре ќе има само една јалова средба и ќе има само едно сликање и позирање кое што нема да донесе ништо позитивно на Македонија и само ќе го крене гневот и фрустрацијата кај Македонскиот народ што ќе се види на следните избори. Одлуките за Македонија треба да се носат во Македонија и после промената на власта една од првите работи што ќе ги направиме е да прекине оваа пракса за Македонија да се одлучува надвор од Македонија. Сите треба да одлучуваат во носењето на одлуките кои што добиле поддршка од народот апсолутно! Затоа народот ги бира своите претставници, но тоа треба да се случува во Собранието, каде што се избраните претставници на народот а не надвор од државата. И она што најмногу загрижува а ја потврдува оваа теза што ја споменав е молкот од страна на СДСМ кои што збор немаат кажано за оваа средба која што треба да се случи утре, што само потврдува дека се многу среќни што ќе има таква средба во Тирана, односно дека оваа средба е на нивно барање.”

-ја разобличи намерата на СДСМ преку ДУИ и останатите учесници на оваа средба да се задржат уште некој месец повеќе на власт во државата.

Целото интервју во кое се разговараше и за други актуелни теми со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски може да го погледнете во продолжение.

Креирано од:


Пренеси го гласот