Актерот Тони Шанац Михајловски со коментар на фејсбук го искажа своето мислење во врска со изјавата на Министерот за надворешни работи Никола Димитров, кој пак на прес конференција во владата агитираше за излегување на граѓаните да гласаат на референдумот во недела.
Ваков дефетизам кон сопствената држава и народ, инсистирањето дека ништо не чинело до сега, дека со валканата вода треба и бебето да се фрли, можеби е демократски но сигурен сум дека не носи прогрес и просперитет, а уште помалку може да не убеди дека на тој начин се сака Татковината.
Не прифаќам дека е се било толку црно. Дека баш се било погрешно, или дека не може да се поправи и да стане подобро.
Не прифаќам дека ова, е единствениот начин да стане подобро. Не гледам една добра работа. Гледам одмазда, реваншизам, цензура, поскапување, омраза, линч, сиромаштија, неспособност, терор и предавства.
Ништо од ветеното. Само куп празни зборови и лаги.
На лагата и биле кратки нозете, но оваа се вози во мерцедес тенк, и јаде живи луѓе. Лажен договор за добрососедство, лажен договор во Нивици, и лажен референдум. Со лажно прашање. Лажна кампања со еден куп лаги во неа. Лага и паралага.
И воопшто не е битен народот. Ниту пак неговиот глас. Затоа од мене не добивате глас.
Ние се залагаме и инсистираме на референдум. Но не ваков. Лажен. Исто како и “војводава”.
-напиша на фејсбук Тони Михајловски-член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
Вашето дете често се буди навечер? Дознајте што можете да направите на бесплатната онлајн обука на dm и „Матрона“!