Фикусот, најчесто, се смета за украсно, декоративно растение, кое нема способност да зборува или да врши било какви други работи. Тој е тука да молчи, да биде нечиј декор. Неретко, фикусот се поврзува со одредена карактерна особина. Меѓутоа, оној момент кога фикусот (односно, „фикусот“) ќе проговори, прекинува да биде фикус и преминува во нефикус. Од друга страна, многу луѓе славени како „нефикуси“ се покажа дека се фикуси, сеедно колку и да зборуваат и убедуваат, бидејќи нивната функција секогаш била иста – да бидат нечиј украс во туѓ дом.
Едно од најпознатите растенија од родот фикуси е смоквата. Со нејзините лисја Адам и Ева се обиделе да ја сокријат својата голотијата и својот срам. Попусто. Нивниот г р е в, како и нивниот срам биле откриени. Така, колку некои „нефикуси“ и да се обидуваат да се позадскријат, нивниот срам и нивната голотија засекогаш ќе останат разголени.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
40 годишник од Свети Николе предизвикал општа опасност со палење на отпад
Се отвора нова страница во развојот на трансплантациската медицина со успешно започнување на трансплантација на рожници
Нова лабораторија за работа во дрво на Факултетот за ликовни уметности – Скопје