БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Тошковски: Треба да се направат длабоки реформи во МВР со кои ќе се врати достоинството на полицискиот службеник

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Министерот за внатрешни работи во текот на денешниот ден освари работни посети на МОбилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата, Полициското одделение Петровец, Единицата за внатрешни работи Гази Баба и Единицата за недозволена трговија.

Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата е една од ретките организациски единици каде нема недостаток на возила и соодветна техничка опрема за работа и оваа организациска единица има сериозен удел во делот на изречени прекршочни санкции од областа на сообраќајот, бидејќи истата во континуитет спроведува акциски контроли низи државата по претходно изготвен план од Бирото за јавна безбедност.

Полициското одделение Петровец ги покрива општините Илинден и Петровец и огромна територија, а се соочува со недостаток на човечки ресурси и возила кои им се неопходни за да можат квалитетно да ги извршуваат секојдневните задачи. Во иднина треба да се размислува ова одделение да се траснформира во полициска станица или да се отвори уште едно полициско одделение во Општина Илинден, имајќи ја предвид територијата и бројот на население кои живеат во оваа општина.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

При посетата на Единицата за внатрешни работи Гази Баба и Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје министерот Тошковски имаше можност да оствари работен состанок со полициските службеници кои се дел од овие организациски единици и непосредно преку разговор со нив да се запознае со предизвиците со кои се соочени секојдневно.

„Во тој контекст, бев известен дека инспекторите од Одделението за криминалистички работи Гази Баба се соочуваат со недостаток на компјутери за работа, застарени возила, а главен проблем кој го истакнуваат речиси сите полициски службеници е ниската плата во однос на сродните професии, поради што полициската работа станува сè помалку атрактивна и сè повеќе колеги го напуштаат МВР.“, онстатираше министерот Тошковски.

Министерот, полициските раководства и полициските службеници заедно констатираа дека во иднина треба да се направат длабоки реформи во МВР со кои ќе се врати достоинството на полицискиот службеник, а полициската професија повторно ќе биде гордост и чест, бидејќи полицајците се лицето на државата.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace