Компанијата Warner Bros Animation го објави во јавност трејлерот за новиот анимиран филм на DC Universe : Superman: Red Son.
Овој оригинален анимиран филм е адаптација на мини серијата на стрипови од 2003 година на Марк Милар, Дејв Џонсон и Килијан Планкет. Филмот е концепиран како замисла за Супермен кој што наместо во САД, израснува во 1950-тите години во тогашниот Советски Сојуз. Ракетата на Кал Ел од планетата Криптон наместо во житно поле во Канзас, слетува во руска тајга , по што Супермен станува херој на советските вредности.
Во останатите улоги во филмот се појавуваат исто така Бетмен, Воднер Вуман Брениак, Грин Лантерн и Лекс Лутор низ призмата на Студената војна.
Супермен: Црвен син ќе се појави во 2020 година.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
160 недели, најмалку 160 книги: КЛИК веќе објави 21 книга и го отвора македонското книжевно творештво кон светот
Врчак и Симона со „Сонце по дожд“ ја продолжуваат музичката приказна што започна пред години
Видела лице зад сцената на концерт на Аеросмит, кое многу личи на нејзиното: Како Лив Тајлер дознала за своето биолошко потекло?