Пехчево ве поканува на единствениот фестивал на трубите!
Три дена забава и уживање со големи Македонски и балкански ѕвезди.
Фестивалот ќе се одржи на плоштадот „Св. Петар и Павле“. Од 12-ти па до 14-ти јули Малешевијата во знакот на звуците на трубите!
Фестивалот ќе започне во четврток, на 12 јули, со утринско дефиле и вечерни настапи на Битолскиот дувачки оркестар, дувачки оркестар Сенад Бенд и дувчки оркестар Бојан Ристиќ – Србија.
Вториот фестивалски ден ќе биде во петок, 13 јули каде свои настапи ќе имаат Оркестар млади Агушеви, Оркестар Џамбо Агушеви, Brass brothers и големата балканска сензација – АМАДЕУС бенд.
Освен музичките концерти ќе се одржи и Етно-саемот „Пехчевски Павловден“.
За затворањето на фестивалот се задолжени Уска Кан, Mirror man, Александра Јанева и ѕвездата за сите генерации – ХАРИ МАТА ХАРИ.
За богатата програма на фестивалот, благодарност до Општина Пехчево, Кит-Го маркети, Хотел Гогов, ДИК„Фагус“ и други.
Пехчево и годинава ве очекува на забава за сите вкусови и сите возрасти, со пријатно гостопримство и богати трпези.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Пронајдена марихуана кај 17 годишник од Штип по што лицето било приведено
67 годишен жител на Кочани лишен од слобода по претходна пријава од сопругата за упатување закани
43 годишна жена од Берово физички нападната од нејзиниот сопруг