Дополнителниот заменик министер за земјоделие шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски со свое соопштение во јавност ја коментира актуелната состојба во дел од земјоделскиот сектор каде што земјоделците се соочуваат со егзистенцијални проблеми и се пред целосен колапс на својата дејност.
Исто така Трипуновски предлага зголемување на износот на субвенции за продадените јагниња за потребите на месната индустрија како и износот на субвенции за зачувано женско јагне.
Во продолжение во целост ја пренесуваме неговата реакција упатена во јавност:
“Ситуацијата со Корона вирусот 🦠за жал остава огромни последици во македонското земјоделство. Сточарите во моментов се соочуваат со огромна катастрофа.
Во средина на сезона на откуп на јагне, не е откупено ниту 20%. Нема откуп, а и оној што се изврши, се врши по многу ниска цена📈.
Сезоната на откуп на јагне трае уште една недела, а како што сега стојат работите повеќе од половина од јагнето ќе остане неоткупени. Сточарите ќе се соочат со големи проблеми и загуби〽️. Доколку не им помогнеме на сточарите сега, се повеќе сточари ќе ја напуштаат дејноста, и како држава ќе се соочиме со целосно замирање на дејноста.
Од тие причини имајќи ги во предвид страшните последици кои може да настанат, ги предлагам следните мерки кои што треба да се преземат:
1️⃣ Итна и целосна исплата на минатогодишната мерки за заклано јагне во кланичен капацитет од 400 денари и задржано женско јагне од 700 денари;
2️⃣ Зголемување на финансиските средства за задржано женско јагне за 2020 година, од досегашните 700 денари, на 2000 денари. Со вакво зголемување на средствата на оваа под мерка заедно со основната мерка по грло, овчарите ќе земат субвенција од 3100 денари. Со што делумно ќе се санираат штетите од кризата, но и ќе се зголеми фондот на овци во државата.
Потребно е итно делување❗️❗️❗️”

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Лишена од слобода 24 годишна жителка на Крива Паланка затоа што го нападнала својот сопруг со остар предмет
Голем успех за Македонија на светскиот избор Miss & Mister Planet 2026 во Грузија
Николоски: Преку 100 милиони денари инвестиции во инфраструктурата во Валандово. Ќе се реконструира и регионалниот пат Струмица -Валандово