БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Tрпе Деановски од УПОЗ со плата од 104.000 денари, додека со Трендафилов ги лажат работниците за минимална плата

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Tрпе Деановски од УПОЗ со плата од 104.000 денари, додека со Трендафилов ги лажат работниците за минимална плата.

Според информациите кои до нас пристигнаа од свиркачи од ССМ, Слободан Трендафилов, Трпе Деановски и другите функционери во ССМ го претвориле овој некогашен голем синдикат во своја приватна банка.

Согласно информациите кои ги имаме, Трпе Деановски, покрај платата од 104.000 денари, остварува и други приходи, па кога ќе се пресмета на годишно ниво сумата која ја зема по разни основи достига вртоглави суми.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Информациите говорат дека Деановски лани и првите два месеци од оваа година земал вкупно над 1.8 милиони денари.

Да добро слушате, 30 илјади евра за Трпе Деановски, додека вас ве лаже за минимална плата.

Колку минимални плати има во годишните примања на Трпе Деановски? – Точно 69. 

Трпе Деановски за една година земал пари колку работниците кои ги лаже за минимална плата не можат да земат за 6 години.

Тоа се синдикалците на батерии на Слободан Трендафилов, насадени на позициите од СДС, дебело платени да извршуваат партиски агенди.

Народот и работниците ги прочитаа синдикалците на батерии како Слободан Трендафилов и Трпе Деановски.

-интегрален текст на прес конференција на пратеникот Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ

Креирано од:


Пренеси го гласот