Билетите за концертот на Kultur Shock во Македонска Каменица се веќе ВО ПРОДАЖБА и тоа по промотивна цена од 200 денари!
Македонска поддршка за овој концерт се извонредните македонки бендови The Black & Vice Social Club и ЕКВ трибјут бендот Weltschmerz.
На 23-ти јуни, од Сиетл (САД) во Македонска Каменица пристигнува култниот џипси панк бенд Kultur Shock. Бендот е првокласна фестивалска атракција која ги има поминато сите значајни светски фестивали, а нивните хитови кои се микс на традиционална балканска музика со рок, панк и метал повеќе од 20 години ги воодушевуваат музичките фанови.
True Sound of Kamenica Festival е подготвен за звучниот удар кој ќе се случи на најголемите хитови на Kultur Shock. „Hashishi“, „Zumbul“, „Sheitan“, „Sloboda“, „Da ye“, „Aksam“, „Mastika“ и многу други .
Културен шок на 23 јуни 22:00-4:00 часот во Македонска Каменица


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заложбите на градоначалникот на Берово Петар Ружински даваат резултати: Две нови големи инвестиции во Малешевијата за подобар стандард за сите беровчани
Нова перспектива за развој на локалната економија во Пехчево
Стоп за досегашната фушерајска изградба на градежни работи во Делчево