Денес Македонскиот премиер Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање по доделувањето клучеви од новата зграда наменета за социјално ранливите семејства во Општина Кочани информираше за зголемениот фонд на финансиски сретства за јавните здравствени установи годинава кои ќе добијат зголемен буџет за сто милиони евра повеќе во споредба со минатата година.
-Можам да кажам дека јавните здравствени установи ќе добијат буџет за повеќе од сто милиони евра споредено со буџетот минатата година, а ако минатата година буџетот се движеше некаде околу 27 милијарди денари, сега е некаде околу 33,2 милијарди денари или 540 милиони евра.
Со мартовската плата ќе продолжи исплатата на зголемениот личен доход за лекарите и медицинскиот персонал, рече Премиерот Мицкоски денес од Кочани.
Мицкоски изрази увереност дека конечно граѓаните во здравството ќе ги добијат услугите, кои ги заслужуваат.
Целата изјава за јавноста на Премиерот Мицкоски може да ја погледнете во видеото во продолжение:


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Пронајден хероин во дом на жител од Свети Николе
Кривична пријава за 4 жители на Крива Паланка
150 студентки, отворени предавања и силна порака од dm по повод Светскиот ден на менструалната хигиена