На вчерашен ден, во некогашната држава, се славеше Денот на борецот, празник познат и како Востанието на југословенските народи. Имено, на 4 јули 1941 година Политбирото на ЦК на КПЈ донесе одлука за подигање востание против фашизмот од секаков вид, макар што и пред тој датум беа формирани некои партизански одреди, како, на пример, Првиот сисачки партизански одред во Хрватска, јуни 1941 година.Како резултат на одлучната антифашистичка борба Италијанските војски се повлекоа од овие простори, 1943 година. Потоа, следеше капитулацијата на Бугарија, 1944 година. И, на крај, капитулацијата на Нацистичка Германија, 1945 година. Денот на борецот веќе одамна не е државен празник во Републиките, кои произлегоа од некогашната сојузна држава. Но, сеќавањата и подготвеноста да се пружи отпор кон секој фашизам и нацизам останаа. Тоа никој не смее да го заборави, уште помалку да го потцени.
Пишува: Љубомир Цуцуловски/Ljubomir Cuculovski

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Градоначалникот на Делчево Гоцевски оствари средба со активисти на невладината организација “Жена” од Делчево
Тошковски на промоцијата на Националната стратегија: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот, Македонија во конкуренција за светско признание за сообраќајна безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи
dm повторно го отвора еко-конкурсот „Зелена иднина: од градинка до училиште“ – пријавете го вашиот двор за раззеленување!