Вчера, на 7.7.2077 година, во архивите на државата Северно од Јужно, го најдов следниот докумнет.
„Јас, доле непотпишаниот, под целосна материјална и морална неодговорност, изјавувам дека уште од мали нозе, т.е. уште кога бев дете, многу сакав да играм џамлии, корисна и иновативна игра во секој поглед и во секој непоглед. Со неа растев и играв, благодарение на моите блиски (Бог да ги прости), на моите ментори (Бог да ги прости), како и на сите добри и недобри луѓе, Бог да ги поживее. Играта џамли се вика игра џамли, оти се игра со џамлии. Џамлиите се џамлии, бидејќи се џамлии. Кога не би биле џамли, тогаш не би биле џамлии. Бидејќи се џамлии, тие се џамлии. Има секакви џамлии и, само во многу ретки случаи, постојат и неџамлии, кои, исто така, се џамлии и се тркалаат на сите страни и нестрани. Од сите џамлии најмногу ги сакав џамлиите картали. Карталите се големи, тешки и тркалезни џамлии.
Играта џамлии е многу добра игра за развивање на сите капацитети, бидејќи се игра по одредени правила и термини, како што се: „дупка“, „шлајка“, „кому иде“, „од тепка“ итн. Имајќи го предвид горенаведеното, како и доле ненаведеното, се надевам дека ќе бидам примен, без поговор и според сите законски незакони, како министер, т.е. прв човек во новоотвореното Министерство за џамлии. Искрено и со почит…“


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Градоначалникот на Делчево Гоцевски оствари средба со активисти на невладината организација “Жена” од Делчево
Тошковски на промоцијата на Националната стратегија: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот, Македонија во конкуренција за светско признание за сообраќајна безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи
dm повторно го отвора еко-конкурсот „Зелена иднина: од градинка до училиште“ – пријавете го вашиот двор за раззеленување!